Четириесет и девет пациенти кои оделе на дијализа починале како последица од корона вирусот.

Тоа е што е за околу пет проценти повеќе во споредба со морталитетот што е забележан на годишно ниво кај овие пациенти.

Од 1608 пациенти кои одат на дијализа, 288 биле позитивни на Ковид-19, а од нив 49 се смртни случаи што е околу 17 проценти. На годишно ниво, морталитетот кај овие пациенти е околу 10-12 проценти, што значи дека има за околу пет проценти повисок морталитет кај пациентите кои биле ковид позитивни – истакна доктор Гоце Спасовски од Клиниката за нефрологија во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Во однос на пациентите кај кои е извршена трансплантација, доктор Спасовски информира дека од 228 пациенти, 17 биле позитивни, а тројца ја изгубиле битката со вирусот.

Во тотални бројки, од бубрежно болните, вкупно позитивни биле 305 пациенти, а 52 се починати што е околу 16,7 проценти – изјави Спасовски.

Тој апелира до пациентите да се вакцинираат со било која вакцина, бидејќи, според него, сите вакцини се безбедни.

Пожелно е да се вакцинираат со која било вакцина. И да прележале Ковид, тие немаат доволно развиен имунитет, ниту во клеточниот имунитет, ниту во оној со антитела за да може да кажеме дека ќе останат безбедни. Значи, тие и по месец дена од прележан Ковид повторно треба да се вакцинираат – нагласува д-р Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.