Четири медицински сестри од Општата болница Куманово, се меѓу 13 новозаболени од коронавирус во Куманово, потврдија од Центарот за јавно здравје Куманово.
Во изминатите 24 часа има 13 позитивни на коронавирус во Куманово. Во четири случаи се здравствени работници и тоа две медицински сестри од одделението за гинекологија и акушерство и две од инфективното одделение, изјави Ариф Љатифи директор на Центарот за јавно здравје Куманово.
Во Кумановската болница досега се заболени 22 здравствени работници, а 80 се во самоизолација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.