Четворица кандидати за градоначалничката фотеља на општина Штип, доставиле документација до ОИК, до синоќа на полноќ, кога истече законски предвидениот рок. На претстојните локални избори ќе нема независни кандидати кои ќе ја побараат довербата на граѓаните, туку само кандидатски листи поднесени од политичките партии и нивните коалициони партнери.
-Бидејќи листите се уште се обработуваат и немаме решение за потврдување, можеме да кажеме само дека имаме 4 кандидатски листи поднесено за градоначалник. Тоа е коалицијата ЛДП-ДОМ, коалицијата предводена од СДСМ, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и политичката партија ИНТЕГРА –изјави Виктор Вацев, претседател на ОИК – Штип.
Кандидатот мора да има постојано живеалиште во општината во која се кандидира, но бидејќи има и лица кои се родени надвор од Штип, надлежен за издавање на уверенија од казнената евиденција е судот.
Треба да пристигнат до вечер на полноќ, кога ќе ги имаме и конечните информации дали листите се потврдени или ќе бидат одбиени за некоја корекција од страна на подносителите – додаде Вацев.
За место во Советот на општината се поднесени 7 кандидатски листи. Партиите кои имаат свој кандидат за градоначалник, Левица, ТМОРО и Сојуз на Ромите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.