Словенечкиот министер за надворешни работи, Анже Логар, е позитивен на корона вирусот по патувањето во балтичките земји.

Министерот Логар е позитивен по рутински тест за коронавирусот. Тој не покажува никакви симптоми на болеста, но тој и неговите најблиски соработници ќе одат во карантин 10 дена – се вели во соопштението од неговиот кабинет.

Пред четири дена Логар се сретна со македонскиот министерот за надворешни рбаоти, Бујар Османи, а претходно присуствуваше на состанокот на Европскиот совет во Луксембург на 12 октомври.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.