Патниците кои пристигнаа на скопскиот аеродром од Австрија не сакаат да останат во групниот карантин на Криволак. Во видео за порталот „Скопје 1“, тие велат дека таму нема никакви услови, се жалат на хигиената и велат дека од здрави ќе се испоразболат.
Додаваат дека дека не можат ниту да се истушираат бидејќи нема услови, а тие четири дена не се бањати. Тврдат дека се тестирани за коронавирус повеќе пати и дека се сосема здрави, притоа, уверуваат дека немаат симтоми кои укажуваат дека се болни.
Сместените во карантинот велат дека сакаат дома, а се жалат дека од сите кои пристигнале а биле цела група, само нив ги ставиле во карантин, други пак, ги пуштиле да си одат дома.
Претходно денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја посети касарната Пепелиште на Криволак, првиот прифатен пункт за македонските граѓани кои се враќаат од држави со висок ризик, во групна изолација и ги покажа објектите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.