Американскиот државен секретар Мајк Помпео го честиташе Денот на независноста на Република Македонија и изрази поддршка за евроатлантските интеграции.

Во име на Владата на САД и американскиот народ, упатувам честитки честитам на народот во Република Македонија по повод 28 години независност“ , наведува Мајк Помпео во честитката, соопштено е од Стејт департментот.

Тој го поздравува како историски Договорот од Преспа со Грција и ги поддржува настојувањата на Македонија да се приклучат кон НАТО и ЕУ.

Вашата постојана посветеност на демократските принципи и владеење на правото придонесуваат не само на иднината на Македонија, туку и мирот и безбедноста во регионот. Се радуваме што ќе ве дочекаме вас како наша 30. членка во НАТО“, наведува Помпео.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.