Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка до сите православни христијански верници по повод големиот христијански празник Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.

Честитајќи им го Бадник, Спасовски на граѓаните им посака здравје, надеж и љубов.

Честит Бадник до сите православни верници. Во духот на христијанството, Бадник не потсетува на вистинските вредности – здравје за сите кои ги сакаме, надеж и љубов. Нека овој ден донесе мир и спокој на секого. Кај и да си за Бадник дома да си, напиша Спасовски во честитката на својот фесјбук-профил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.