Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ упати честитка до сите католички верници по повод Божик, посакувајќи им мир, спокој и радост во нивните домови.
Дозволете ми од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ, да ви го честитам големиот христијански празник – Божиќ, на сите верници кои го слават според Грегоријанскиот календар.
Христовото раѓање е нова надеж за светот, тој донесе светлина и иднина. Овој голем празник нека донесе мир, спокој и радост во вашите домови. Оваа година Божиќ го празнуваме во посебни услови. Пандемијата која го обзема светот е сѐ уште присутна. Во овие тешки моменти за човештвото воопшто, да се потсетиме и да ги применуваме христијанските вредности, како толеранцијата, искреноста, љубовта кон ближниот, да си подадеме рака и заедно да ги пребродиме искушенијата. Но, пред сѐ да знаеме дека преку вербата се пребродуваат и најтешките искушенија. Нека Христос ни го осветли патот и ни го покаже правецот.
Христос се роди! Среќен Божиќ!, напиша Мицкоски.
Дозволете ми од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ, да ви го честитам големиот христијански празник – Божиќ, на сите…
Posted by Hristijan Mickoski on Friday, 25 December 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.