Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети упати честитка до сите православни верници по повод најголемиот христијански празник Божик.
Посакувам овој Божик да донесе благосостојба и мир во сите семејства што слават и благословениот дух на овој празник да ги допре сите луѓе, изразувајќи желби за посветла иднина за сите нас заедно. Ја користам оваа прилика да истакнам дека Божик е токму моментот кога преовладува солидарноста со оние на кои им е потребна помош и духот да се биде едно со оние што бараат надеж, кулминира. Затоа верувам и сум оптимист дека 2021 година ќе биде една година што ќе тече во оваа насока и под овој дух, пишува во честитката Ахмети.
Божик, наведува лидерот на ДУИ во честитката, ги обединува семејствата како еден од основните елементи на општеството и ги приближува сите луѓе едни кон други преку вербата во Бога, а истовремено потсетува на благословот што разликите не обединуваат и не прават побогати.
Изразувајќи ги искрени честитки до секој од вас и вашите семејства, се надевам дека овогодишната прослава на Божик ќе ви донесе добро здравје во вашите домови. Имајте убав празник пријатели, честито, пишува во честитката од Ахмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.