Во негово и во име на Владата, премиерот Зоранн Заев упати честитки до сите православни верници и до Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, по повод големиот христијански празник – Св. Климент Охридски, основоположник на македонската духовност и патрон на МПЦ – ОА.
Како еден од најблиските и најревносните соработници и учесници во мисијата на светите браќа Кирил и Методиј во Моравија за описменување на словенските народи, останал доследен на обврската што ја чувствувал да ги продолжи мисијата и делото на неговите учители, преку продлабочување и унапредување на духовната и просветната дејност.
Свети Климент, како голем човек и силна личност, е жив паметник на нашата историјата и како основач на Охридската школа, позната и како „прв балкански и европски универзитет“. Записите велат дека низ оваа школа минале околу 3.500 ученици. Тоа е импозантен број за тогашните, а секако и за денешните времиња.
Тоа сведочи и за исклучителните организациски, но и обединувачки способности на светиот учител од Охрид во духот на христијанското заедништво.
Со Свети Климент Охридски се поврзани и почетоците на македонската писменост и јазик, и затоа по него денес се именувани универзитети, факултети, училишта.
Нека е честит големиот празник во чест на Св. Климент Охридски. Сите да сме здрави, спокојни и паметни, и да нѐ крепи неговото дело кога ги градиме духовните вредности, како темелни вредности на оваа и на сите генерации кои го даваат својот придонес во изградбата на толерантно и демократско општество за сите во нашата убава држава, Република Cеверна Македонија, пишува во неговата честитка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.