При изборот на 30 кандидати за градоначалници на СДСМ во оваа прва фаза, пресудни беа анкетите спроведени меѓу граѓаните на овие 30 општини, рече партискиот лидер и премиер Зоран Заев доцна синоќа соопштувајќи ги имињата за кандидати за градоначалници на 30 општини.
Се работи за чесни и одговорни луѓе, блиски до граѓните и со конкретни планови и решенија, рече Заев, додавајќи дека следниот месец СДСМ ќе објави уште една група градоначалници, додека до крајот на август ќе бидат познати сите кандидати за градоначалници, но и за советници.
Првите 30 „докажани“ кадри на Заев
Петре Шилегов ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје, Велимир Смилевски за Бутел, Филип Темелковски за Кисела Вода, Сашко Николов за Штип, Константин Георгиевски за Охрид…
Понатаму, во име на СДСМ Перо Костадинов пак ќе трча за градоначалник на Валандово, Миликије Халими за Арачиново, Благојчо Шапов за Богданци, Зоран Зимбаков за Босилово, Марјан Јанев за Василево, Сашо Јанковски за Вевчани, Ивица Димитров за Виница, Роберт Пешовски за Градско, Горан Трајковски за Делчево….
Исто така, донесена е дефинитивна одлука во СДСМ Лазе Петров да биде кандидат за Демир Капија, Анго Ангов за Дојран, Борче Гиевски за Зелениково, Јордан Насев за Карбинци, Благојчо Илиев за Конче, Томе Христовски за Крушево, Аце Велковски за Лозово, Медат Куртовски за Маврово, Љубе Кузмановски за Новаци, Елизабета Зелениковска за Петровец, Славчо Пандурски за Пехчево, Драган Анастасов за Пробиштип, Живко Кошаревски за Ресен, Стојан Николов за Росоман…
Нови се само името Славчо Пандурски за Пехчево, каде што актуелен градоначалник е Драган Тренчовски и Стојан Николов, кој во Росоман би го заменил градоначалникот Бранко Јанев. Останатите имиња се стари докажани, но партиски, кадри. Чесноста на овие за кои сме слушнале се мери во случаи и покренати постапки, пречешлувања на Антикорупциската комисија, кривични пријави, граѓански поплаки, животни судбини. Оние за кои сме слушнале, посакуваме никогаш да не сме ги запознале, а за другите, пак, за кои и по четири години се чудиме кои се, знаеме, кој не работи не греши.
Одговорноста и на едните и на другите се мери со големината на проектите што ги реализирале. Со еден збор – штетници наместо гадоначалници.
Синоќешниоот избор, за кој Заев рече дека е избор на граѓаните (колку е слободен изборот на граѓаните доволно е да се потсетиме само на теророт што го врши градоначалникот на Лозово), е спорен и за ВМРО-ДПМНЕ.
Со исти истрошени кадри кои ќе продолжат да го штитат криминалот на Заев, коментираат од опозициската партија.
Заев го предложи Шилегов за кандидат за градоначалник за Скопје. Шилегов, кој вети и не направи тунел под Кале, продолжување на булевар Илинден со мост преку Вардар кон Ѓорче Петров. Шилегов кој не вети, но брка 84 наставници, купува клупи од 500 евра од тропско дрво и плаќа противпожарно возило 900.000 евра поскапо од тоа што го плаќа град Загреб за исто такво возило.
Заев го предложи Сашко Николов за кандидат за градоначалник за Штип, кој се потсмева со работниците, а додека тој е градоначалник неговите роднини, газдите на Баргала даваат плата од 200 денари на напатениот народ.
За Охрид СДСМ ќе трча со Константин Георгиев, кој две години не смее да сруши една дивоградба, заради кој статусот на Охрид на листата на УНЕСКО виси.
Заев вечерва избра кадри кои се слика копија на него. Заев вечерва избра неработници, неспособни и кандидати заштитници на криминалот, потсетува опозициската партија.
Во наредниот период Република ќе ве потсети на „чесноста и одговорноста“ на канидатите на Заев. Човечки е да се памтат само убавите работи, но да видиме, ни остана ли нешто за паметење?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.