Чешката Република ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија. Не ги споделувам идеите за историската позиција на Бугарија. Посакувам што е можно побрз влез на Македонија во ЕУ, изјави денеска министерот за одбрана на Чешката Република, Лубомир Метнар на заедничка прес-конференција во Скопје со неговиот домаќин министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
-Чешката Република  го поддржува влезот на Македонија во ЕУ, би сакале овој процес да се одвива со побрзо темпо. Со оглед на историските последици  понудив помош во комуникација и доколку има интерес би можеле да и помогнеме на Македонија со наши искуства. Што се однесува на историските аспекти, Чешка исто така имаше проблеми со тоа. Ние ја поддржуваме  Македонија, не ги споделувам идеите за историската позиција на Бугарија. Посакувам што е можно побрз влез на Македонија во ЕУ. Затоа што членството во евроатлантските структури ќе обезбеди поширока безбедност на целиот регион, рече Метнар на новинарско прашање за можното одвојување на Македонија и Албанија во процесот на ЕУ интеграцијата.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.