Историските настани и личности не се работа на политичарите и на комисии, вели историчарот Тодор Чепреганов во однос на ставовите кои доаѓаат од официјална Софија во однос на договорот за добрососедство како и изјавите на политичарите дека Гоце Делчев е македонски а Бугарија го чувствува за бугарски револуционер.
Со ова вели Чепреганов, политиката настојува да биде на чекор пред историчарите диктирајќи ја нивната работа. За него е апсурдно во една личност да има два револуционера и за што тој се борел.
Како бугарски револуционер би требало да се бори за Санстефанска Бугарија без Македонци во неа,а како македонски тој се борел за автономна Македонија со признаени Македонци, вели Чепреганов.
Чепреганов не се согласува дека може да се прави паралела меѓу Мајка Тереза или пак Скендер Бег со она за што се борел Делчев.
Никој не е против Европа, но ние не можеме национално да се обезличиме, смета Чепреганов.
Досега мешовитата комисија со Бугарија одржа девет средби, а постигна договор за шест историски личности.
Пред историчарите во комисијата остануваат прашањето за Гоце Делчев, Илинденското востание како и прашања од средниот век.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.