Меѓу оние што „кренаа“ викендички на падините на Осоговските Планини се и надлежни за спроведување на законите – началник во кочанската полиција и неговата сопруга – вработена во Општина Кочани. Против двајцата има и кривични пријави, но дивоградбата стои, пренесува „360 степени“.
Градоначалникот на Кочани вели дека со секој објект ќе се постапува согласно законите и смета дека во неговата општина работите, главно, се под контрола
Во исчекување на новиот закон за легализација на дивоградби – забрзано се гради и во заштитените подрачја.
„Чекаме сега Заев да го донесе законот за легализација“,
вели граѓанин, додека ја доградува викендичката во Пантелеј.
„Како беззаконие да е. Како да не сме држава“
вели жител од селото Нивичани.
Меѓу оние што „кренаа“ викендички на падините на Осоговските Планини се и надлежни за спроведување на законите – началник во кочанската полиција и неговата сопруга – вработена во Општината. Против двајцата има и кривични пријави, но дивоградбата се уште стои.
„Ќе постапувам согласно законот. Бидете уверени“,
вели градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
Зелените појаси на Осоговските Планини, поради својата посебност и природните богатства, Владата лани ги прогласи за заштитено подрачје од петта категорија. Но, додека се кројат стратегиите за управување и урбанистичките планови за развој на овие предели, на терен продолжува бесправно градење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.