Захир Беќири – Чауш стана дел од Институтот за стандардизација (ИСРМ), кој е формиран од владата. Од Институтот велат дека не сакаат да излегуваат со детали додека не добијат мислење од Комисијата за заштита на лични податоци дали со излегувањето податоци во јавноста за нивните вработени не им ги прекршуваат правата, објави „Независен“.

„Можеме да ви кажеме дека лицето за кое што прашувате не е вработено ниту на определено, ниту на неопределено време. На 14 февруари испративме барање до Комисијата за заштита на лични податоци да ги прашаме дали смееме да објавиме податоци за лицата што кај нас се под договор на дело. Додека не добиеме одговор, не би коментирале ништо“, велат од Институтот за стандардизација за „Независен весник“.

Браќата Захир и Имер Беќири беа обвинети за фалсификување на лични карти, пасоши како и за изработка и набавка на оружје.

„Република“ уште пред една недела испрати прашања до ИСРМ и се уште чека одговор од Институтот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.