Бугарија бара целосно Македонија да се откаже од историјата сè до 1944 година. Да се откажеме ние како Македонци од Св. Кирил и Методиј, од Цар Самуил, од Илинденците, од Гоце Делчев, да признеме дека нашиот македонски јазик е само дериват односно дијалект на бугарскиот јазик. Да се откажеме од идентитет и целосно да ја отфрлиме или избришеме придавката македонски.
Oва во вчерашната емисија „Седмица“ на Алфа го истакна новинарот Коле Чашуле.
Чашуле додаде дека Преспанскиот договор има улога во развојот на договорот со Бугарија.
Софија сака свој Преспански договор. Односно го сака членот 7 со кој се дефинира потребата на придавката „македонски“ сега во бугарски контекст. А, според Преспанскиот договор придавката „македонски“ како ознака за јазикот, културата, традицијата, обичаите е лимитирана и ограничена. Со други зборови е дефинирана. Односно со тој веќе договор нас ни е начнат идентитетот и истиот деформиран. Грција уште тогаш доби од нас односно Заев се откажа од целата историја се до седми век до населувањето на Словените. А, успеа и географски да ја одвои. Се на грчката северна граница е со различен идентитет кој ете не е македонски туку е на Република Македонија, дообјасни Чашуле.
Чашуле посочи според Преспанскиот договор и Бугарија бара да се откаже Македонија од сè што е до 1944 година. Да се избрише терминот „македонски“ како придавка за јазик, култура, обичаи, музика и сл. Практично прогласувајќи го за бугарско. А, географски придавката да има општ регионален карактер, а сè преку нивната западна граница во денешницата да биде на „Република Македонија“. Затоа Борисов толку навивал да Заев го потпише Преспанскиот договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.