Осмоодделенец, кому очигледно математиката му е дарба а му пожелувам и професија, се натпреварува со средношколци и победува на натпреварите. Осмооделенцот е државен првак. Некоја административна вошка во МОН ја составил оваа фекалија на сликава а Царовска ја потпишала.
За детето нема парична награда бидејќи е осмооделенец, наградата била за средношколци.
Државен првак и талент. Па кого да наградиме бре? Очекувам уште утре од МОН да ја преиначат одлуката и на ова дете да му се даде стипендија, да се следи неговиот развој и да се инвестира во него.
Не е голема пара а ќе остане и за фстаци, пасати, патни трошоци, плати за оние по дома и за партии.
Не се тресете, плаќаме данок има доволно волна за стрижење, пишува на Фејсбук, новинарот Огнен Чанчаревиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.