Претседателот на Комисијата за заразени болести д-р Жарко Краџовски не очекува зголемување на бројот на заразени, иако, рече, може да има инцидентни случаи, како што беа во изминатите денови од разни свечености на кои не се почитуваа забраните за собирања, движење и за близок респираторен контакт.

Лично не очекувам зголемен број дотаму да ние да не можеме да го држиме под контрола, рече Караџовски додавајќи дека и кога имаше сто случаи дневно ја држеле состојбата под контрола зашто во резерва биле спремни илјада кревети и монтажна болница.

Во моментов има, рече тој, само 59 хоспитализирани на Инфективна клиника, 22 во ГОБ „8 Септември“ и 20-ина пациенти во инфективните одделенија во болниците низ државата.

Соопшти дека пет градови во кои има познати кластери на вирусот се држат под контрола и оти се познати лицата кои се во изолација и се знаат нивните непосредни контакти во изминати 15-ина дена. Во петте градови има до 20 кластери, и тоа Скопје со кластерите во Чаир, Гази Баба и во Сарај, како и Велес, Штип, Струга и дека како поголем проблем го третираат Тетово.

Никаде во светот не може денес да ви рече некој што ќе се случува за месец, два, три. Меѓутоа, цел свет кажува дека силината или вируленцијата на вирусот КОВИД-19 слабее. Според податоците од земјите на ЕУ, каде се намалува бројот на заболени, за неколку стотини  проценти е намалена можноста за инфекција, додаде д-р Караџовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.