Метаморфозис и Вистиномер – организации финансирани од Фондацијата Отворено Општество односно фондацијата на Сорос во Македонија – вршат цензура на Фејсбук во обид да ги прикријат вестите во кои се укажува на фактот дека Фондацијата на Сорос и градот Скопје го финансирале скандалозниот Прв скопски извиднички одред.
Скандалот со одредот изби минатата недела, кога Слободен Печат пренесе сведоштво на родител чија малолетна ќерка била малтретирана додека учествувала во извиднички камп, каде учесниците биле терани да се разголуваат, да учествуваат во „игри“ со сексуална содржина, па дури и да си ги бојат гениталиите од инструктори меѓу кои имало и возрасни мажи.

Секој обид на Фејсбук да се објави линк до десетина вести во кои се содржи веста наидува на моментална цензура од социјалната мрежа, со назнака дека се работи за „лажна вест“ која ја разгледале „независни проверувачи на факти“ и утврдиле дека е невистинита. Веста, поднаслов „Градот Скопје и Сорос го финансирале извидничкиот одред кој организирал сексуални активности на камп со средношколци“ беше објавена од повеќе портали, и во неа се содржани повеќе докази дека Фондацијата на Сорос и градот Скопје го финансирале одредот. Меѓу нив е извадок од листа на организации финансирани од Сорос, меѓу кои е и Првиот скопски извиднички одред, кој примил значителен грант од 12,229 долари. Во веста се содржи и објава на одредот, каде се потврдува дека и градот Скопје ги финансирал нивните активности – факт што го потврди и градоначалникот Шилегов, од чиј кабинет најавија дека во иднина нема да соработуваат со одредот.

Веста е цензурирана и покрај тоа што ги содржи двете страни – во неа се приложени и објаснувања од посочените организации, како што е невладината организација Хера. Но, од минатата година Метаморфозис и Вистиномер се „партнери на Фејсбук“ за проверка на факти на оваа најголема социјална мрежа во Македонија, која за која огромен дел од населението е основен извор на информации. Со ова, идеолошки и политички пристрасните организации Метаморфозис и Вистиномер, чии први луѓе земаа активно учество во Шарената Револуција на Зоран Заев, имаат можност да ги цензураат вестите кои се штетни за нивните политички сојузници.

Во конкретниов случај, скандалот со извидничкиот одред се одрази на кампањата на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, кој е повикан да одговори на прашањето зошто финансирал ваква опасна институција. Во својот одговор минатата недела, Шилегов не делуваше дека се кае, дури алудираше дека вакви настани ќе продолжат да се организираат велејќи „сметам дека е должност на институциите кај адолесцентите да вршиме сексуална едукација“.

Скандалот се одрази и врз Министерството за образование, каде министерката Мила Царовска се обидува да воведе програма за сексуално образование изработена во соработка со крајно левичарски организации како Хера, каде министерката долго време работеше. На крајот на минатата година Царовска најави дека пилот програма за сексуално образование изработена со помош на Хера ќе почне да се применува во четири училиште во Скопје и Тетово. Хера, која исто така е финансирана од Фондацијата на Сорос, долго време соработувала со Првиот скопски извиднички одред. По објавувањето на скандалот, и од Хера исто така се обидоа да се оградат од оваа организација, нарекувајќи ги „ентузијасти“ и „импровизатори“ кои „немале познавање од тематиката“. Но во објава на социјалните мрежи од 2019 година, од одредот им се заблагодаруваат на Хера што десет години ги поддржуваат нивните активности – што укажува на долготрајна соработка меѓу Хера и одредот. Од Хера инсистираат дека не го поддржале конкретниот настан, туку само обезбедиле информативни и едукативни материјали за организаторот.

И од Фондацијата Отворено Општество – Македонија потврдија дека финансиски ја поддржувале работата на извидничкиот одред, но сепак обвинувањата на нивна сметка ги прогласуваат за „комплетна невистина и дезинформирање на јавноста“, затоа што дале пари за наводни еколошки активности и неформална едукација, а не за извиднички камп за сексуално образование. Поради овие полу-деманти, веста која разоткрива дека организација финансирана од градот Скопје и од мрежата на Сорос организирала камп во кој деца биле сексуално малтретирани и понижувани, денес масовно се брише на социјалната мрежа Фејсбук.

– Знајте, работите стојат многу полошо за оваа власт отколку што можете да видите по портали или на Фејсбук, но Вистиномер и Цивил педантно се трудат да се блокира секој факт, и секоја вест против нивната власт од која цицаат државни пари и грантови за лажно да верувате дака е поинаку. Да, многу е полошо од што читате по порталите но, со блокадите од Вистиномер на Фејсбук вестите не стасуваат до вас, коментира на оваа тема новинарот Драган Павловиќ – Латас во неговата редовна колумна за Вечер.

Ова не е единствен пример за цензурирање вести само поради тоа што некому му пречи вистината. Честопати се одбележуваат за лажни вести информации преземени од Македонската информативна агенциј, која е државна. И се со цел да се сруши рејтингот на фејсбук групите на медиумите кои се критички настроени кон власта. Се пријавуваат како лажни вестите за одредени дневни активности само затоа што некому не му се допаднал насловот. Но и за ова има решение. Ќе биде покрената постапка за нанесена штета како против правни лица, така и против физички лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.