Во рамки на четвриот пакет економски мерки, денеска се објавени јавните повици за издавање на грантови – финансиска помош од 43.500 денари за центри за странски јазици и за едукативни центри за деца, за која може да се пријават сите регистрирани субјекти кои работат во оваа дејност.
Од Владата соопштија дека регистрираните центри за странски јазици и едукативните центри за деца може да аплицираат за финансиска поддршка-грант до 24-ти декември до 23:59 часот, на електронската пошта: Cetvrt.Paket@gs.gov.mk, со што добиваат можност за еднократна финансиска помош, во вредност од 43.500 денари по вработен.
–
Во прилог на барањето за финансиска поддршка преку електронска пошта, правните субјекти треба да ги приложат и следните документи: тековна состојба (документ од Централен регистар не постар од 3 (три) месеци, уверение за платени даноци и придонеси од УЈП не постаро од 3 (три) месеци и список на вработени по даночен обврзник заверен од АВРСМ не постар од 15 (петнаесет) дена, информира Владата.
Од таму напоменуваат дека барањата за финансиска поддршка за центрите за странски јазици и едукативните центри за деца ќе се разгледуваат по принципот „прв дојден прв услужен“, а барањата кои нема да бидaт комплетни ќе ги заземат последните места по реден број на поднесување на датумот на комплетирање на барањето.
За потврда на веродостојноста на податоците во поднесената документација Владата ќе изврши проверка со Управата за јавни приходи и Агенцијата за вработување на Македонија.
За разгледување на поднесените барања од центрите за странски јазици и едукативни центри за деца, од страна на Владата е формирана Комисија која ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви листи на поднесени барања.
Листата на одобрени барања на средствата за грантови за центри за странски јазици и за едукативни центри за деца ќе биде објавена на веб страницата на Владата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.