Целта на новата образовна програма не е подобрување на образованието, туку заборавот, вели актерот Сашо Тасевски, повикувајќи сите одговорни кои стојат зад овој план на ревизија на историјата и оживување на фашизмот скриен под плаштот на неолиберализмот, да одговараат за велепредавство.

Би ја седнал Мила ГраЏанката, би ја натерал да изеде тегла туршија со 300 грамско Милка за да види како е да се изучува историја и географија во еден предмет.
Само што целта им е друга. Постепено да ја тргнат историјата од образованието, за да им излезат во пресрет на своите работодавачи, Бугарите.
Сметаат на заборавот. Тие историски содржини, ќе бидат на две на три, редуцирани и штури, ревидирани и фризирани, колку да се каже, ете, децата учат историја. Тие нема да знаат да кажеме, кој со кого војувал во Втората светска војна. Едни кои биле добри војувале против едни други кои не биле толку добри како првите. На тоа ниво ќе бидат тие лекции. Ни бугарски фашисти, ни германски нацисти, ни Хитлер, ни Тито, ни партизани, ни НОБ, ни Евреи, ни Треблинка, ни Аушвиц, ни гасни комори, ни Конечното решение, ништо.
И по неколку генерации заборавот ќе си го направи своето, македонската младина ќе има нејасна претстава за таа војна и за многу други нешта.
Приоритет на секој патриот кој понатаму ќе дојде на власт, мора да биде, овие луѓе кои стојат зад овој план на ревизија на историјата и оживување на фашизмот скриен под плаштот на неолиберализмот, да одговараат за ВЕЛЕПРЕДАВСТВО. Ама вистина да одговараат. И секоја партија која ќе сака да дојде на власт мора тоа да го вети во програмата. Во прва точка, на прва страна. Ни економија, ни инвестиции, ни мед ни млеко…. Туку апсење на велепредавниците и пресуда на долги затворски казни, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.