Откако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека е позитивен на корона се поставува прашањето со кого се бил во контакт изминатите неколку денови и дали тие ќе одат во изолација. Она што може да се види од фотографиите е дека Спасовски имал набиена агенда и најверојатно бил носител на вирусот и многу лесно можел да зарази многумина.

Она што е посебно значајно е што Спасовски учествуваше на Конресот на СДСМ завчера. Иако тој се одржа онлајн, целото раководство на СДСМ беше во една просторија.

Па така може да се види дека Спасовски има контакт со Зоран, Заев, Љупчо Николовски и Радмила Шекеринска. Никој од нив нема маски и затоа треба да им бидат доставени решенија за самоизолација. Но, малку е веројатно дека тоа ќе се случи.

Спасовски пред неколку дена беше во друштво со старешината на манастирот Бигорски, отец Партениј каде примаше награда. И повторно двајцата беа без маски.

Вчера пак министерот заедно со министерот за земјоделство Аријанит Хоџа и неколку дипломати садеше дрвца на езерото „Младост“ крај Велес. Министерот треба да одговори дали садел дрва додека чекал резултати од тестот и дали така ги довел во опасност сите пристутни бидејќи позитивниот тест го добил дури вечерта.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.