Министерство за информатичко општество и администрација предлага од 1 февруари администрацијата целосно да се врати на работа, да нема ротации. Но, Владата не донесува одлука во врска со ова, но им препорачува на институциите во моментот кога за тоа ќе имаме и мислење од Комисијата за заразни болести, изјави денеска на прес-конференција владиниот портпарол, Муамет Хоџа, одговарајќи на новинарско прашање.
Тој додаде дека на вчерашната владина седница не станало збор за оваа тема бидејќи, како што рече, нема добиено мислење од Комисијата за заразни болести.
На новинарско прашање за сметководителите и нивните барања, Хоџа информира дека сите барања од сметководителите се реализираат од надлежните институции и изрази надеж дека во текот на денот или во текот на утрешниот ден ќе има одговор на нивните прашања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.