Цела Влада ја имаме, го имаме братот на премиерот, најблиските соработници, министрот за внатрешни работи, претседателот на државата, сликани сите со наркобосови, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање денес од Гевгелија.

-Како тоа случајно седат на маса, ручаат, вечераат? Вие седнувате на маса со некој што не го знаете, вака случајно по улица се наоѓате, ајде ќе седиме на маса? Смешно им е образложението, јасно им е дека постои една криминална спрега. Сите знаат, во сите урбани центри, кој продава кокаин. Во Гевгелија сите знаат кој се дилерите, во Струмица сите знаат кој се дилерите, во Прилеп сите знаат кој се дилерите. Во Прилеп ги собраа, театар направија една вечер и ги пуштија утредента тие кои што ги собираа, инспекторите и тие кои што беа собрани, дилерите, кафе пиеја утредента, на очиглед на цела прилепска јавност. Во Скопје сите ги знаат кои се дилерите на кокаин, сите ги знаат само полицијата не ги знае затоа што соработува со нив, порача Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.