Хеликоптерите се вклучија во гаснењето на пожарот во Кочани.

Сега се насочија и кон гаснење на пожарот во Костин Дол и Новоселани, на другиот крај на Осоговските Планини.

Синоќа главната битка се водеше над ридот во индустриската зона на Кочани кој се протега до селото Тркање. сепак, главната цел беше да се заштити складот на Макпетрол, бидејќи тоа беше темпирана бомба која можеше да направи голема штета, односно да отиде во неповрат целата идустриска зона, но и приватни имоти.

Во овој дел се искористи каналот за наводнување кој беше полн со вода. Луѓе ги донесоа моторните пумпи што ги користат за наводнување на своите имоти и го спречуваа проширувањето на пожарот до Макпетрол.

Во целата ситуација вчера големата самопожртвуваност на граѓаните со припадниците на противпожарните единици и другите служби помогна во спречување на поголема катастрофа, бидејќи пламените јаизци стигнаа веднаш до куќите и меѓу нив.

Синоќа граѓните на Кочани останаа будни и дежураа со полевање на тревата околу куќите, кофи со вода и лопати, за да не се активираат некои жаришта.

Поединци, невладини органиции вчера имаа активна улога во мобилизацијата и гаснењето на пожарот кој се закануваше да го запали цело Кочани, затоа и што дуваше ветер. Така, поединци учествуваа во гаснењето и цело време ги насочува сите доброволци каде е најкритично да се насолуваат користејќи ги социјалните мрежи и мобилните телефони, а тоа даваше резултати. Голем број млади луѓе се вклучија и беа активни во радиус од неколку километри. Една група од невалдините собираше приватни противпожарни апарати и се носеа на критичните места, потоа други носеа вода за пиеење која беше неопходна поради големиот чад.

Вистински херој во спасувањето на големо катастрофа беше народот.

Благодарност и до Армијата која се вклучи синоќа, како и на механизацијата на комуналните претпријатија и други фирми.

Видео Радио Кочани – пожарот кај село Тркање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.