Законот за учебници и останати наставни материјали за прв пат утврдува можност за избор, автономно одлучување на наставникот каков учебник ќе користи, сите одобрени од платформи кои се поставени од бирото за развој на образовнието. Дополнително имаме и дигитализација на учебниците во поголемите одделенија, за прв пат имаме дигитални учебници за четврто одделение од наредната учебна година, изјави министерката за образование Мила Царовска.

Во однос на оние кои не можат да си дозволат таблет или лаптоп, Царовска вели дека училиштето ќе обезбеди уред. Министерката исто така додава дека има 1300 ученици кои немаат електрична енергија дома, за нив ќе бидат испечатени учебници.

Училиштата треба да обезбедат дигитален уред за секој ученик кој сака да го користи, но исто така за оние кои не можат да користат, моментално станува збор за 1300 ученици кои во своите домови немаат електрична енергија, учебниците ќе бидат испечатени и доставени. Исто така за прв пат станува збор за законско гарантирање на инклузивни учебници односно да има аудио верзија на учебникот и верзија со Браево писмо. До сега вакво нешто не сме имале во ниту еден закон, вели Царовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.