Учебната 2020/2021 ќе заврши со хибридна настава зашто се покажа дека тој модел е најуспешен, рече на денешната прес-конференција министерката за образование и наука Мила Царовска.
Избравме хибридна настава зашто тој модел нудеше најмногу опции. Дел од наставата се одвива со физичко присуство, поголем дел е онлајн, а учениците од стручните училишта одат комбинирано на настава. Одржав состанок со директорите на училиштата и тие потврдија делка без проблеми заврши оценувањето по првото тримесечје. Така ќе биде и на полугодие и на крајот на школската година, децидна е Царовска.
На новинарско прашање дали по зимскиот распуст можно е сосема да се отворат училиштата според искуствата на некои земји од регионот, Царовска одговори дека тоа е одлука на здравствените власти.
Ние мора да ја почитуваме нивната одлука зашто здравјето на граѓаните е на прво место. Многу земји ги отворија училиштата, но за кратко време ги затворија. Ние немавме таква ситуација. Наставата успешно се одвива, рече Царовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.