Министерката за образование и наука Мила Царовска се сретна со директорка на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ) од Љубљана, Јана Репансек, со која разговараше за продолжување и проширување на досегашната успешна соработка во делот на проектот на ЕУ: „Зајакнување на капацитетите на министерствата за проценка на фискалните импликации од структурните реформи“.

Како што соопшти Министерството за образование и наука, целта на овој проект е да обезбеди корисни решенија за унапредување на растот и развојот на државите, но и да се споделат искуствата на земјите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.