Од нашата одговорност и од секој поединец во образовниот систем зависи колку долго децата ќе останат во училницата. Во образовниот систем околу 74 отсто веќе се вакцинирани, а секој родител има одговорност и тој да се вакцинира, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска.
Министерката рече дека системот е подготвен за три сценарија – за физичко присуство, хибриден модел, што значи половина во училница, половина онлајн, и целосно онлајн. За тоа кое сценарио кога ќе се примени, министерката рече дека одлучува Комисијата за заразни болести, Главен координатев штаб и Владата.
Во врска со онлајн наставата Царовска рече дека само два отсто од учениците побарале да следат настава онлајн.
– Од 180.000 ученици кои се во основно, 70.000 во средно, значи околу 250.000 ученици започнаа на 1 септември, со учење. Некаде 2 отсто од учениците побараа онлајн учење, што е апсолутно прифатлив процент. Тоа се хронично болни, а имало и некои немидицински причини каде што училиштата потврдиле дека тоа е прифатливо за нив и за наставниците. Очекувам овој процент да остане таков – рече Царовска во гостување на ТВ Сител.
Министерката информира дека семејствата кои немаат финансиски средства да обезбедат смарт таблет на своето дете, и повеќедетните семејства, треба да се обратат до училиштето и да си го добијат таблетот.
– Можеби во општините за кои велите им викаат да не набавуваат, веројатно ќе им ги дадат инсталираните учебници и ќе можат да ги користат во текот на целата година купени од училиштето. Таму каде што велат „набавете“, значи дека ќе им ги дадат на социјално ранливите, а сите ние кои можеме да си дозволиме треба да им ги обезбедиме смарт таблети на нашите деца – рече Царовска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.