Царовска ако сака и во својот Гучи шал од 370 евра нека ја обвие својата намера за наводни реформи, пак не може да ја покрие политичката позадина на оваа операција. Мила Царовска очигледно по секоја цена е решена да ја спроведе нејзината антиреформа во образованието, со која се брише предметот историја како засебен предмет во основното образование. Таа избегнува јавна дебата од јасна причина што сите релевантни субјекти се противат на оваа одлука, почнувајќи од МАНУ, Институтите, универзитетите, професорите и останатите експерти – стои во денешното соопштение на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив целта на Царовска е јасна, преку насилен начин нетранспарентно да го укине овој премет од образованието во ек на негирање на македонската историја.

Обидот тоа да го престави како наводен фински модел не и успеа, па сега се обидува на талибански начин да му “учини“ на Заев во неговата анационална и предавничка политика од која несогледливи последици ќе има не само образовниот систем, туку и идентитетот и македонската историја -велат од опозицијата.

Според нив јавноста и граѓаните на ваквите штетни антиреформи остро се спротивставуваат и нема да дозволат некој да им наметнува одлуки кои го погазуваат секое достоинство.

ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот ќе застане против секое насилно менување на историската меморија во Македонија – стои во соопштението испратено до медиумите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.