Министерката за образование и наука, Мила Царовска, во Тема на денот на Сител Телевизија истакна дека таблети во министерството има и дека родителите се тие кои треба да си побараат таблет од наставниците или од училиштата.

Министерството испечати 20 проценти од вкупниот број на учебници и ги дистрибуираше до секое училиште согласно бројот на ученици што значи дека наставниците во училишните библиотеки веќе имаат учебници коишто се печатени. Родителите не треба да ги печатат. Но главно, дигиталните учебници треба да се користат како дигитални секаде каде што има можност затоа што квалитетот на учебник кој е дигитален и целта што треба да ја постигне никако не може да се постигне со печатен учебник – изјави Царовска.

Таа потенцира родителите да бидат тие кои што ќе бараат од наставниците или од училиштата кои немаат дигитални уреди да ги набават.

Во министерството имаме на располагање и таблети. Родителите да си бараат таблет и да го посочуваат и мотивираат ученикот да го користи дигиталниот учебник затоа што таму има содржина којашто ќе му даде можност да истражува, да решава квизови и сето тоа во интерес на учењето – изјави Царовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.