Новиот Закон за учебници не носи социјално раслојување, туку води кон еднаквост, а прави и исчекор во инклузивноста зашто првпат се воведуваат учебници во аудиоверзија и печатени на Брајова азбука, за да бидат опфатени сите ученици, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во врска со дигиталните учебници кои од учебната 2021/2022 година најпрво се планира да бидат воведени во четврто одделение.

Во гостување на ТВ24, Царовска повтори дека училиштата ќе имаат законска обврска да поседуваат т.н. библиотечен фонд на ИТ-уреди кои ќе им ги даваат на реверс на учениците што ги немаат, а обврзани се и да им ги отпечатат дигиталните материјали на околу 1300 ученици кои дома немаат електрична енергија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.