Мила Царовска, министерката за образование, потврди дека случајот во основното училиште „Гоце Делчев” во Центар каде една од наставничките која води прво одделение е позитивна на корона вирусот, е прв таков до сега кај нас.

Царовска посочи дека ова е единствениот случај досега на наставник позитивен на вирусот кој одржува часови со физичко присуство.

До сега претходно имало вкупно пет позитивни наставници откако започна новата учебна година, но тие одржувале онлајн настава, додаде Царовска.

По овој случај во моментов во изолација се 15 првачиња.

Министерката посочува дека тие прават се за да нема ширење на вирусот кај децата кои имаат настава со физичко присуство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.