Мила Царовска, министерката за образование и наука нема да биде дел од новата Влада.

Јас донесов одлука да не учествувам во новата влада со новиот мандатар. Во изминатите пет години заедно со мојот тим испорачавме политики во интерес на граѓаните. Продолжувам да се борам и да ги застапувам истите вредности, истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата, како и силата на жените и младите, изјави денеска Царовска.

Премиерот Зоран Заев најверојатно во среда ќе ја поднесе оставката, по новогодишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски.

По ова, во оставка ќе биде целата влада, а идниот владин кабинет се очекува да го состави новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски.

Повлекување од министерската функција во новиот состав на Владата во петокот најави и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Во ресорот образование треба да биде назначен и нов заменик-министер откако оставака даде Арафат Шабани од движењето Беса.

Заменик-министерот за образование ќе биде од редовите на Алтернатива. Партијата за тоа место го предложи Лулзим Алиу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.