Зоран Заев ќе биде следниот премиер, изјави вечерва вицепремиерката Мила Царовска во гостувањето во ТВ 24.
Тој што ќе добие 61 пратеник во Парламентот ќе биде мандатар и ќе ја формира следната влада. Ние од СДСМ го нудиме Зоран Заев и тој ќе биде следниот мандатар, рече Царовска.
И во ситуација со голем број заразени од коронавирус од СДСМ упорно ја туркаат својата агенда за избори „час поскоро“.
Вицепремиерката рече дека веднаш по завршување на вонредната состојба, условите за одржување на изборите се по 22 дена, односно на 5 јули. Таа посочи дека се исцпрени сите потреби за продолжување на вонредната состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.