Тринеделниот зимскиот распуст ќе биде во редовниот период, согласно календарот на МОН, и нема да има негово поместување затоа што состојбата со Ковид-19 е стабилна, информира министерката за образование на наука, Мила Царовска.
Таа изјави дека доколку состојбата драстично се промени поради ризикот со омикрон и ако во други сектори се донесат други драстични мерки за ограничување, тогаш МОН има одговорност да ги разгледа тие факти и аргументи и заедно со Комисијата за заразни болести ќе донесе одлуки што ќе бидат во интерес на учениците и на заштита на јавното здравје.
Во изјава за медиумите, Царовска истакна дека наставата со физичко присуство, која се спроведува од септември како најпосакувано од трите подготвени сценарија, покажува одлични резултати.
Се почитуваат протоколите, се штити јавното здравје, а учениците имаат соодветни услови за учење во училиштата. Скринингот направен од Министетството за здравство покажа дека состојбата е стабилна. МОН дневно од сите училишта собира податоци и процентот на нови позитивни случаи не се зголемува повеќе од 0,3, а во последните недели не е ни повеќе од 0,02 проценти. Вкупно, во еден момент, активни случаи со Ковид-19 кај ученици со физичко присуство во училиштата никогаш не надмина 0,3 проценти. Ова укажува на стабилност на состојбата и дека највисок интерес на децата во моментот е да бидат во училиште – додаде министерката Царовска одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Факултетот за земјоделски науки и храна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.