Министерката за образование и наука Мила Царовска попладнево одржа онлајн консултативен состанок со родители и ученици, на кој разговарале за новата концепција за основно образование која треба да стартува од идната учебна година.
Министерката истакнала дека мислењето на родителите и на учениците е клучно во создавањето на новата концепција и затоа покрај наставниците и тие се вклучени во целиот овој процес. Основната цел, соопштуваат од МОН, е сите заеднички да создадеме образование кое е во најдобар интерес на децата и кое му овозможува на секој ученик да го достигне својот полн потенцијал.
– Промените ги започнуваме од основното образование затоа што тоа е базата на образованието. Со реформите е предвидено учениците да поминуваат повеќе време во училиште, но не само за настава, туку и за други активности, курсеви и слично како што се дополнителен спорт, дополнителни часови по кодирање, дополнителен странски јазик и слично…Сето тоа треба да биде дел од училиштето и со тоа да дадеме еднаква шанса на сите деца. Новата концепција ќе значи повеќе време во училиште, помалку предмети, односно спојување на повеќе предмети во еден, повеќе интеракција помеѓу наставниците и учениците и помеѓу самите ученици, потенцираше Царовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.