Министерката за образование и наука, Мила Царовска, на средба со деканот на скопскиот Економски факултет проф. д-р Предраг Трпески и деканката на љубљанскиот, проф. д-р. Метка Текавчиќ, порачала дека Министерството за образование и наука ја поддржува академската заедница во напорите за приближување до европскиот модел на универзитет и во достигнувањето на високите стандарди за образование на кадри подготвени за успешно справување со современите предизвици. Притоа, Царовска додаде дека од голема важност е регионалното и меѓународното поврзување.
Како што соопштија од МОН, во таа насока е и интензивирањето на соработката меѓу Економскиот факултет на УКИМ во Скопје и Економскиот факултет на Универзитетот во Љубљана.
Царовска нагласила дека е важно нашите високообразовни институции да ги следат добрите практики, како патоказ за реализирање на поквалитетни студиски програми.
За младите кои сакаат да ги остварат своите амбиции и визии и да се едуцираат на престижни универзитети, Економскиот факултет на Универзитетот во Љубљана е еден од честите избори – изјави деканката Текавчиќ.
Овој факултет е високо рангиран меѓу бизнис школите во светот, а истиот и во нашата земја реализира меѓународни постдипломски студии од областа на економијата и менаџментот.
Деканот Трпески изјави дека имајќи го предвид клучното значење на економските науки во надминувањето на глобалните предизвици, засилувањето на академската комуникација со колегите од Љубљана, на сите нивоа, е влог во економијата.
Како се забрзуваат евроинтеграциските процеси така се зголемува и потребата за подготвен високообразован кадар кој ќе може да се вклучи во предизвикувачката реалност и ќе придонесе во носењето на квалификувани одлуки – изјави Трпески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.