Учениците, како и наставниците се жалат на неорганизираноста и нефукционалсноста во образовниот процес.
Деновиве во јавноста е актуелна темата со полагање на државната матура за средношколците. Министеркатаза образование и наука, Мила Царовска потврди дека средношколците ќе полагаат државна матура согласно законскиот рок ако ситуацијата со епидемијата остане како што е сега.
-Матурата е обврзна зашто на тој начин имаат стартна позиција да се запишат на факултет. Таа е одредено ниво на знаење и верификација на тоа знаење. Компромис со квалитетот не смее да се прави во држави кои се стремат кон европски критериуми и кои внимаваат дека нивните генерации, кои потоа треба да ја раководат државата, мора да имаат капацитет и потенцијал, рече Царовска.
Наспроти ова информација на Царовска, пред повеќе од 6 месеци, односно пред да се одржат парламентарните избори генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски имаше сосема спротивна изјава каде посочи дека СДСМ смета дека не треба да има државна матура поради ситуацијата со корона вирусот.
-Бараме укинување на државната матура за оваа учебна година, поради условите во кои се одвива образованиот процес, предизвикани од заштитните мерки против коронавирусот. Сите ученици треба да се ослободат од полагање на државна матура, а факултетите каде ќе има голема конкуренција за упис, селекцијата да ја направат преку приемен испит, рече Николовски.
По ваквите информации може да се забележи дека СДСМ едно ветува сега, а друго ветуваше пред 6 месеци. Исто така може да се заклучи дека оваа изјава на Николовски се однесува на периодот пред одржување на парламентарните избори и повеќе од јасно е дека тоа е ветувано се со цел да се добие некој глас повеќе. И откако на нелегален начин ја земаа власта во свои раце повеќе од јасно е дека се што ветиле претходно сега на важи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.