Министерката за образование и наука Мила Царовска вели дека учебници за идната учебна година ќе има и дека учениците нема да останат без наставни материјали, откако во првиот процес на преговарање со издавачите не беше направен откупот поради нецелосна документација.
Ние ќе почнеме втор процес на преговарање и сигурна сум дека ќе стигнеме до одредени заеднички решенија утврдувајќи ги сите факти и аргументи на маса кои Комисијата ги добила како информација. Во интерес на учениците, учебници ќе има и учебници има во системот, ние дополнуваме дидактика и одреден процент на учебници“, рече Царовска во гостување на 360 степени.
Министерката истакна дека е значајно што целиот овој процес на откуп на учебници се води транспарентно и за првпат МОН ги бара одобренијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.