СДСМ се што допре уништи, така и сега со образованието. Мила Царовска и Зоран Заев со укинување на печатени учебници влегуваат во ваков зафат имајќи предвид дека десет отсто, односно една десетина од учениците, ја немаат таа можност да следат настава преку интернет. Со самото тоа од власта на децата им го укинува и законски задолжителното образование! – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Според нив имајќи предвид дека вкупната бројка на ученици во Македонија е околу 250.000, бројот на овие ученици кои што Царовска и Заев сега ги исклучуваат од образование во бројка изнесува околу 25.000 ученици.
-Дури и сега за време на епидемијата, толку деца се исклучени од образованието. 1.300 ученици немаат струја во своите домови, стотици ученици наводно следат настава, ама на телевизија и учат од печатени материјали, од учебници. Во бројка, околу 25.000 ученици. Власта со својата неспособност ги осакатува децата – се вели во партиското соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.