Министерката за образование Мила Царовска беше во владината делегација за одбележување на празникот 24 Мај, Денот на сесловенските просветители. Иако за оваа пригода Царовска избрала бел фустан, белата боја не ја направи достојна да се поклони пред нозете на светите браќа.
Министерката за образование и наука објави фотографии и дел од својата изјава по положувањето на цвеќето пред споменикот на св. Кирил и Методиј во дворот на Универзитетот.
Делото со кое нè задолжија Светите браќа Кирил и Методиј како основачи на првото словенско писмо и со кое оставија драгоцено цивилизациско богатство за македонскиот народ и за сите словенски народи, нѐ поттикнува да размислуваме и да дејствуваме, без предрасуди, да ги негуваме нашите вредности и да ги почитуваме другите.
Нека ни е честит и вековит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители – Светите браќа Кирил и Методиј, напиша Царовска.
Појавувањето на Церовска на денешниот празник граѓаните го оценија како лицемерен.
Како апсолутен уништувач на сето она што го создале Свети Кирил и Методиј, ни најмалку немате право да го чествувате празникот.
Вам не ви личи овде да се поклонувате! Тие се нашите Македонски просветители, не северџански! Северџаните го уништуваат образованието! Нека ни е честит празникот нам на Македонците!
Се прашувам, на кои “Свети браќа” се повикувате? Сигурно не на Светите Кирил и Методиј, кои биле “неписмени” за вашата родова ЛГБТИ идеологија и знаеле дека има само два пола – машки и женски. Чист промашај..
Мила Царовска, не сте достојни да го славите овој голем празник! Вие го уништувате сето онаа што Светите Кирил и Методиј го создале!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.