Мила Царовска, министерката за образоование и наука ги повика учениците и наставниците коишто ја бојкотираат наставата веднаш да почнат со онлјан учење.
Редовното одвивање на наставата е во интерес на учениците и нивниот развој. Затоа е неопходно да се обезбедат сите услови за непречено одвивање на образовниот процес и заеднички да се надминуваат предизвиците како што се стабилна интернет конекција и ИТ уреди за што МОН е во постојана комуникација со локалните самоуправи. Исто така ги повикувам учениците и наставниците коишто ја бојкотираат наставата веднаш да почнат со онлајн учење, бидејќи секој изгубен час е на директна штета на децата и нивниот развој, рече Царовска.
Дел од струшките средношколци и основци од неколку села ја бојкотираат онлајн наставата со барање за физичко присуство. Се додека не бидат исполнети нивните барања за физичко присуство на часовите, најавуваат дека нема да следат настава. Од почетокот на учебната година, настава не следат учениците од албанските паралелки во средното училиште „Нико Нестор“ и гимназијата „Ибрахим Темо“.
По повод Меѓународниот ден на наставниците, министерката за образование и наука Мила Царовска, денес се сретна со наставници и директори на училишта каде наставата се изведува јазиците на припадниците на помалку бројните заедници во државата. Царовска во своето обраќање на настанот во Скопје, ја истакна важноста и улогата на наставниците во образовниот процес, но и во развојот на децата. Министерката рече дека наставниците, без разлика од која етничка заедница доаѓаат, се најважни во овие процеси и се клучната алка во пренесувањето на знаењето на учениците.
Освен министерката Царовска на настанот зборуваа и извршната директорка на ФООМ Фани Каранфилова-Пановска, Сузана Киранџиска, извршна директорка на Фондацијата „Чекор по чекор“, Давид Фрост професор на Волфсон колеџ на Универзитетот Кембриџ и други универзитетски професори, одделенски наставници и директори на училишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.