Епидемиолози за секое училиште посебно ќе одлучуваат како ќе продолжи наставата доколку се појават случаи на зараза кажа Министерката за образование Мила Царовска во Тема на денот во Дневникот на Сител
„Тие во дневна координација со нас ќе даваат инструкции. Како ќе се движат бројките, но и оптеретувањето на болниците, така ние ќе добиваме инструкции како понатаму. Затоа што многу е лошо да проценувате денеска и да давате стрикни бројки зашто секоја општина е различна. Втора работа е дека болниците имаат различен капацитет, но за тоа се одговорни од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, а ние како Министерство сме подготвени во секој момент да го промениме моделот, како што покажавме и сега. Вчера се донесоа одлуките за тоа кои општини имаат основа и медицина базирана на докази што укажува дека таму треба да се оди со онлајн учење и веднаш ги подготивме и тие си стартуваа со онлајн учење“, рече Царовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.