За секое дете кое нема можност, нема електрична енергија дома, може да ги користи книгите од библиотеката. Оние родители кои имаат можност да користат дигитални учебници, треба тие да инсистираат кај своите деца да користат ИТ-уред и наместо детето да помине три часа во играње игра, да помине половина час во гледање на лекцијата која што ја поминале во училиште. На овој начин учењето е полесно – одговори на новинарско прашање Мила Царовска.
На прашањето кога ќе може некој родител да купи книга од книжарница, наместо да чека училиштето да му додели, Царовска рече дека зависело од донесувањето на новиот Закон за учебници. Ако поминел во Собрание, во тој момент пазарот ќе се либерализира и се ќе им било достапно на учениците, училиштата и родителите.
За недостатокот на учебници за голем број на ученици реагираше и Народниот правобранител кој укажа на различните пропусти во образовниот систем.
Особен проблем со кој се соочуваат четврто одделенците е тоа што според новата концепција тие немаат хартиени учебници, туку само е-учебници, кои многу е тешко да бидат поставени на одреден електронски уред. За да учениците имаат дигитални учебници од кои би можеле да учат, најпрво е потребно да имаат ИТ уред, при што истиот треба да биде современ за да може да се симнат од линковите кои ги праќаат наставниците на родителите (постојат различни линкови за Adroid, односно Windows уреди), бидејќи на стари уреди или уреди со мала меморија симнувањето на учебниците е невозможно, посочуваат од канцеларијата на омбдусманот.
Од друга страна, бидејќи училиштата не обезбедуваат печатени верзии на учебници за четврто одделение родителите наведуваат дека се приморани самостојно да ги испечатат истите.
Печатењето во боја на pdf верзиите на овие учебници чини околу 1800 ден. за целиот сет на учебници, што претставува значаен проблем за голем број семејства во социјален ризик, при што учебници постојат само за мајчин јазик, математика, природни науки, историја и општество, додека за другите наставни предмети нема никаков учебник. Дополнителен проблем е тоа што со печатење на pdf верзиите на е-учебници се кршат авторските права на авторите на учебниците, па истите и не можат да се набават во секоја фотокопирница, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.