Никој не треба да има илузија дека оваа учебна година ќе биде совршено организирана, рече во вчерашното гостување во емисијата „200“ на „Алсат“, министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Според Царовска, независно од постоењето на Националната платформа за онлајн образование, има и други фактори коишто се прадизвик за системот.

Дали сите наставници имаат доволни дигитални вештини – не, дали сите ќе се снајдат веднаш – не, сѐ се тоа одговори коишто ни даваат за право да кажеме дека – да, сме направиле чекор плус во дигитализација на образованието и пристап до образование за децата, но дека ќе биде совршено не треба да има никој таква илузија, рече Царовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.