Бизнисменот Фијат Цановски комуналиите за изградба на објектот „Космос“ ги плаќал на рати. Тој рече дека пред да добие дозвола за градба платил две-три рати однапред а потоа плаќал редовно. Но, кога било дадено решение за рушење на објектот веќе не ги плаќал ратите.

На прашање на Тони Трајковски дали до денеска ги има доплатено давачките кон Општина Гази Баба, Цановски не сакаше да одговори.

Тоа е прашање за градоначалникот на Гази Баба, а вие не сте градоначалник. Прашајте го градоначалникот, му рече Цановски на Трајковски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.