Се чини дека по објавување на поразителниот извештај на Транспаренси за степенот на корупција во земјава, се оди надолу за владеачката партија, деновиве се повеќе партии дел од владеачкото мнозинство или се тргнаа од коалицијата со премиерот Зоран Заев и СДСМ во Собранието или се осмелуваат да говорат за неисполнетите ветувања, па по ЛДП и Демократски сојуз, ДОМ одлучи да настапува самостојно, сега најави има од движењето БЕСА.

ЛДП и Демократски сојуз отстапија од пратеничката група на СДСМ , иако велат дека остануваат во владината коалиција, тие најавија можен самостоен настап на следните локални избори. Партијата ДОМ исто така одлучи да настапува самостојно во Собранието.

Пратеничката од ДОМ, Маја Морачанин во гостување на ТВ21 вчера вечер рече дека и тие планираат да излезат од пратеничката група на СДСМ.

Ние исто така сме со идеја самостојно да делуваме. Затоа што имате поголема видливост, може да побарате, поефикасно да си ги промовирате своите вредности. Но, едно со друго не е споиво, рече Морачанин.

Таа рече дека може да се формира нова пратеничка група со малите партии, како и дека ДОМ ќе настапи самостојно на локалните избори.

Вчера проблеми владеачката коалиција имаше и со движењето БЕСА. Фадил Зендели пратеникот на БЕСА и еден од потпретседателите на Собранието, изјави дека проблем има во пратеничката група на ДУИ и смета оти партијата треба во разумен рок да најде решение за него. Тој посочи дека БЕСА има забелешки за распределбата на проектите од култура и дека министерката за култура Ирена Стефоска не се консултирала со заменик министерот за култура во врска со нив. Тие бараат од премиерот прераспределба на средствата за поддршка на проектите од културата, по која изјавајасно е дека станува збор за ветувања кои владеачката коалиција не ги исполнила во корист на БЕСА.

Пробеми во низа за Заев кој изјави остро во јавноста дека излегувањето на ЛДП и Демократскиот сојуз се „удар врз владеачката коалиција“. Под превезот се чини за ,,промовирање нови вредности” и ,,поголема видливост” партиите кои ,,Можеа заедно” во коалицијата му го вртат грбот на Заев, па сега сега ќе одат самостојно и на локалните избори.

Очигледно партиите од владеачката гарнитура не го сметаат за триумфално постапувањето и договорите на Заев со Мијалков, бегството и драматичните состојби во земјава, како и актуелните случувања во судството, па решаваат да се отцепат своевремено од штетната коалиција со СДСМ, која може да ги чини изборачки гласови на граѓаните.

Заев вели „не било време“ партиите да излегуваат од владеачката коалиција во Собранието, но партиите можеби сметаат дека е точно време е да се одлепат од власта која втор мандат ветува европски вредности, а се оддалечува од Европа како што паѓа на сите светски ранг листи. Дали осамостојувањето на партиите е предвесник и сигнал за следните локални избори дека истите не ги делат вредностите со СДСМ кога станува збор за локални избори, а со тоа и водење на државата, ќе ексалира ли ситуацијата како „буре барут“ во македонското Собрание, и дали помалите партии ќе се спротивстават на власта без притисок од Заев, останува да се види во следниот период.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.