Од Брисел стигна вест дека е постигнат консензус за почнување преговори со Македонија, и тоа безусловни. Таа одлука чекаме да се потврди, изјави на денешната прес конференција вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи.
Ова е консензус од 27 земји членки после сите разлики кои постоеја во последните 15 години. Сепак, денеска и во наредните денови треба да се потврди формално. Денес сакав да разговарам за координацијата со ЕУ во поглед со справување со Ковид – 19. Како земја преговарач може да бидеме дел од европскиот солидарен фонд, формиран 2012 година од кој до сега се искористени 5 милијарди евра во Унијата. Со оваа одлука влегуваме во тој фонд – изјави Османи.
Координацијата со ЕУ се одвиваше меѓу Секретаријатот и комесарот за проширување, посочи вицепремиерот.
Прво бараме т.н. наградата за успешност во вредност од 50 милиони евра за успешно менаџирање со реформите и спроведување на ИПА фодновите, а беа наменети за Преспанскиот регион, средствата да се пренаменат за менаџирање со Ковид 19. Баравме од комисијата за финансиска поддршка на ликвидност на претпријатијата пристап до средствата и на банката за поддршка на Македонија, пристап до средства за обезбедување кратки и краткорочни заеми со доспевање до една година. Побаравме измена на минималните критериуми за искористување на фондовите од ИПАРД 2 програмата за сметка на сопствениот капитал кој производителите на храна и земјоделците го внеуваат како влог во тие проекти. Ваква слична мерка беше применета за време на кризата со поплавите, учеството беше 75 отсто. Побаравме да бидеме исклучени од рестрикцијата кои ги најави ЕК за заштита на европскиот пазар, а се однесуваат на медицинска опрема и средства со работа. По првичниот шок и администрациата на ЕУ и ЕК и раководствата на земјите членки ги активираат сите мерки за заедничко справување со оваа закана. Норвешката влада одобри вчера 3,2 милиони евра за итна реализација за Македонија, Србија и Црна Гора за медицински материјали и препарати. По средбата ќе донесем одлука на Кризниот штаб за што може да ги искористиме овие средства – рече Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.