Не постои протокол во лекувањето на болните од ковид 19 дека може да влезе цивилно лице за да им биде придружба или да биде во посета, објаснуваат од Државниот Санитарен Инспекторат за Канал 5.
За пожарот во модуларната болница во Тетово целосно постапката ја водат од основното јавно обвинителство и до овој момент од обвинителство не побарале од ДСЗИ вонреден инспекциски надзор. Од обвинителство во петокот потврдија дека меѓу загинатите имало и две надворешни лица, сопруга на пациент и ќерка на пациентка за кои дополнително треба да се утврди дали во кобниот момент биле во својство на придружба на родителите или можеби во моментот на пожарот влегле внатре во болницата да им помогнат.
Бухова вели дека во претходниот период имало пријави дека роднини влегувале во ковид центрите, но кога заминувале на терен во болнците немало пристуни цивили. Таа вели дека кога инспекторите одат на редовен надзор имаат обврска посетата да пријават во болницата, а доколку надзорот е вонреден при самото чекање на инспекторот за влез во болницата веднаш се дознава дека инспекторот е пред болницата.
По пожарот многу граѓани тврдеа дека во ковид центрите биле повикувани цивилни лица од страна на медицинскиот персонал со цел да им се помогне на нивните роднини заразени од ковид 19. За „Дојче веле“, тетовец сведочеше дека давал пари за неговиот неподвижен брат за да има подобра нега. Неговиот брат заедно со татко изгореа во пожарот во модуларната болница на 8 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.